Арктичкиот град Лонгјарбјерн на островот Свалбард во Норвешка е необичен по многу нешта, а по една работа е секако уникатен – таму е забрането да се умре! Според една одлука донесена во далечната 1950 година во Лонгјарбјерн е „апсолутно противзаконски да се умре“, пишува хрватски „Експрес“.
Па, дури и ако некој е роден во тој град и боледува од некоја терминална болест, за него ќе се организира превоз и последните денови од животот ќе ги помине на друго место.
Во случај, пак, на ненадејна смрт, што ретко се случува, зашто жителите на Лонгјарбјерн живеат со здрави навики, телото на починатиот набрзина се пренесува на друго место каде ќе биде погребано.
Зошто Норвежаните донеле таков закон? Иако можеби звучи вознемирувачки, но со тој закон всушност целта е да се заштити населението. Во средината на минатиот век е откриено дека телата на починатите не се распаѓаат заради пермафростот, односно замрзнатата почва. Поради тоа постои опасност смртоносните вируси заробени во телата да преживеат, но и да го заразат остатокот од населението, доколку пермафростот се стопи. Иако звучи како апокалиптичен филм, сепак такво нешто слично се случило во 2016 година во Сибир кога се појавува антракс, поради што едно дете починало, а 90 биле хоспитализирано во тешка состојба. Луѓето не биле единствените ѓртви на антраксот – од заразната болест угинале 2300 елени. Епидемијата се случила во екот на топлотен бран, а последно затоплување од слични размери имало и во 1941 година.
Неодамна научниците пронашле траги на шпански грип во белите дробови на жртви, а примероците од телата се пронајдени во пермафростот на Алјаска, каде се наоѓаат од 1918 година.
Comments are closed for this post.