Во Боцвана е откриен најголемиот небрусен дијамант во поновата историја на државата, соопшто Ројтерс.
Скапоцениот камен бил ископан во рудникот „Карове“, што го експлоатира канадската компанија Лукара дајмонд корп.
Со тоа е подобрен рекордот од 2015 година кога компанијата откри друг дијамант од 1.109 карати, кого го нарече „Лесади ла Рона“. Тој беше продаден две години подоцна откако една британска компанија се согласи за него да плати 53 милиони долари.
Новиот скапоцен камен има 1.758 карати и е поголем од топче за тенис.
Comments are closed for this post.