Повеќе од еден милион луѓе ширум светот секојдневно се заразуваат со сексуално преносливи, а најзагрижувачки се стапките на заразеност со кламидија, гонореја, трихомонијаза и сифилис, објави Светската здравствена организација (СЗО).
– Поголем број инфекции се излечливи и може лесно да се спречат, но одредени заболувања, особено гонорејата, развиле исклучително отпорни форми кои се потешко се лекуваат со антибиотици, се наведува во извештајот на СЗО.
Извештајот, врз основа на последните достапни глобални податоци од 2016 година, покажува дека кај мажите и жените помеѓу 15 и 49 години во 2016 година имало 127 милиони нови случаи на кламидија, 87 милиони случаи на гонореја, 6,3 милиони сифилис и 156 милиони трихомонијаза.
Доколку не се лекуваат, тие можат да предизвикаат сериозни и хронични здравствени проблеми, вклучувајќи невролошки и кардиоваскуларни заболувања, неплодност, раѓање мртвородени деца и зголемен ризик од ХИВ.
Се проценува дека во 2016 година само од сифилис се предизвикани 200.000 смртни случаи кај новороденчиња, што е една од најголемите причини за смрт кај децата во светот, се наведува во истражувањето.
Сексуалните инфекции предизвикани од бактерии обично може да се третираат со широко достапни лекови, но истражувањата на СЗО забележуваат дека неодамнешните недостатоци во глобалната набавка на бензатин пеницилин ја отежнува контролата врз ширењето на сифилисо
Comments are closed for this post.