Малезијка починаа откако изела риба која ја има во Јадранското Море, а нејзиниот сопруг е во критична состојба.
Лим Сиу Гуан, 83-годишна Малезијка, починала откако пред десет дена ја конзумирала озлогласената пуферица со сребрени риги (Lagocephalus sceleratus).
Ќерката на несреќниот пар, потврди дека на 25 март нејзиниот татко купил пуфер риба, риба која вообичаено се смета за деликатес, но и треба добро да се исчисти.
Линг Тијан Сон, претседател на Одборот за здравство на Џохор, изјави за медиумите дека несреќната госпоѓа почнала да се тресе и да почувствува недостаток на здив веднаш по оброкот, додавајќи дека нејзиниот сопруг почнал да покажува слични симптоми еден час подоцна
Оваа риба има токсин кој ја забавува работата на срцето а месото може да го убие човекот за неколку секунди.
Comments are closed for this post.