Најголемата македонска ѕвезда Владо Јаневски спрема нов хит. Тој деновиве е во Загреб каде ја подготвува новата песна која покрај на македонски ќе биде и на хрватски јазик. Новата песна ќе биде дело на Дарко Димитров и на Владо.

Неколку месеци по последната песна „Главен град на тагата“ Владо своите фанови ќе ги израдува со нешто ново. Се надеваме наскоро дека ќе има и голем концерт во Борис Трајковски како дел од неговиот 25-годишен љубилеј.

Фото Инстаграм