Григор Копров 1943та во Охрид е еден од најпознатите македонски поп композитори. Работел со многу ѕвезди како Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Владо Јаневски, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Каролина Гочева и Андријана Јаневска. Toj во емисијата раскажа за прв пат како дошло до соработка и прекинот со Тоше Проески.
Ова по првпат го зборувам јавно, дојдоа двајцата и јас му се обраќам на татко му Никола. Јас одлучив уште пред да дојдат дека ќе го земам.
Му викам: Никола, ова е дете јас со тебе разговарам, во вашите фамилијарни работи јас немам намера да се мешам, но единствен услов јас да му ја водам кариерата негова што се однесува до музиката.
Тука викам ова е единствен услов, јас ќе инвестирам во него, ќе правиме се што треба. Па вие Копров сте Господ Бог ова она, се изгушкавме..и дојде првата песна „Усни на усни“ – лу дница во државата.
Втората „Сонце во твоите руси коси“, третата „Бакнежи“ и се дотука и тука застанувам. За понатаму имам што да кажам но сега не.
И со овие три песни го молам пошто Владо правеше промоција, правеше концерти во Македонија како најголема ѕвезда во моментот и му викам те молам ќе го земеш Тоше како предгрупа.
И го зеде. И Тоше со три песни малтене подобро поминуваше него Владо. Ми се јавува Владо од Прилеп и ми вика абе ти го контролираш детево? Зашто бе Владо? Па вика сака да потпише татко му договор. И дојде во саботата во Универзална со потпишан договор, инаку Господ бев за него..
Морам да кажам..Авалон му ја водеше кариерата фантастично. Го имаа како свое дете, се се промени со Лилија, заклучува Григор Копров
Comments are closed for this post.