Со доаѓањето на студеното време, се почесто е можно да ни се затне носот. Во таква ситуација, дури и да немате капки при рака постојат начини како да го одзатнете носот.

Можеби ќе звучат глупаво, но овие совети може да бидат многу ефикасни.

Со врвот на јазикот допрете го непцето над забите. Потоа со два прста притиснете го местото меѓу веѓите 20 секунди.

Друг начин е да го затнете носот со рака, наведнете ја главата наназад и останете така додека можете да го задржите здивот. Потоа издишете.