Судот во Лос Анџелес отфрли една тужба против холивудскиот продуцент, Харви Вајнштајн, кој е обвинет за серија силувања и многукратно сексуално вознемирување. Причина за отфрлувањето на обвинението против Вајнштајн е дека во судската постапка имало „лажна пријава и прикривање докази“.
Глумицата Лусија Еванс го обвини продуцентот за сексуално вознемирување, но судот добил информации дека детективот што работел за обвинителството прикривал докази. Во случајот се појавил сведок кој тврди дека Вајнштајн и понудил пари на Еванс за да се соблече пред него, како и дека глумицата му кажала оти продуцентот и ветил улога доколку има орален секс со него
Еванс не беше присилена да има секс со Вајнштајн, како што стои во обвинението – изјавил сведокот за порталот ТМЗ.
Во писмо што го објави судот, се гледа дека детективот што работел на случајот му рекол на сведокот дека не мора да соработува со адвокатите и дека што помалку каже, толку ќе биде подобро.
Поради ваквите нови моменти, судот одлучи да го отфрли обвинението за Вајнштајн од Еванс, со што продуцентот направи голем чекор кон останување на слобода. Сепак, се уште има пет процеси против Вајнштајн од други жени.
Обвиненијата против Вајнштајн беа иницијална каписла за формирање на движењето „MeToo“ и негово распространување низ целиот свет како платформа во која жртвите на сексуално вознемирување може да го кренат својот глас против таквото однесување.
Comments are closed for this post.