Националната опера и балет, поради големиот интерес на публиката Ви најавува втора изведба на балетскиот концерт насловен „Балетски бисери“ на 5.2.2021 (петок) со почеток во 20 часот. Балетскиот концерт ги опфаќа најубавите балетски дела „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска.