Учениците од училишниот бенд на основното училиште “Илинден” приредија музичко уживање за жителите на оваа општина. Под раководство на професорот Јовче Петковски во амфитеатарот пред културниот дом Илинден од бисерните грла на младите интерпретатори  се слушнаа  прекрасните звуци и стихови  од богатата ризница македонски песни обработени во модерен аранжман.
Не кани ме,Голем мерак имам бабо, Јовано Јованке,Абер дојде Донке,Лено мори, се дел од песните кои беа изведени.

Учениците кои имаат бројни настапи и на натпревари пред публиката се претставија и со инструментални изведби на тапан и кавал
Концертот го завршија со песни од групата Меморија.