Во интервју за јулскиот број на австралиското издание на „GQ“, Бред Пит призна дека планира постепено да се повлече од филмската индустрија.

Моментно стојам зад камерата и се занимавам со снимање на филм, што многу ми се допаѓа. Но, планирам тоа да го правам се поретко. Искрено речено, мислам дека актерството е за помладите. Да, има улоги и за повозрасни актери, но се доаѓа и си заминува и тоа е еден природен процес, признава 55-годишниот актер.

Последниве години Бред Пит прифаќа се помалку улоги, а освен тоа има и свои бизниси од кои добива големи приходи, што може да му дозволи да се откаже од филмската индустрија.