Невена Нешкоска заедно со нејзиниот брат Наум и сестрата Калина ќе бидат дел од една од најновите епизоди на „The Simpsons“, наречена „Abe League of Their Moe“.
Како што сподели Нешкоска на нејзиниот Фејсбук профил, креаторите на „The Simpsons“ одлучиле да внесат лик — талентиран спортист (играч на бејзбол) кој доаѓа во Спрингфилд за да се приклучи на локален бејзбол тим како голема сензација од Македонија.
Во однос на тоа како биле вклучени во епизодата Невена рече: „Учествувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски“.
Инаку оваа епизода премиерно ќе се емитува во САД во недела, на 27-ми април, во 20:00 часот EST (2:00 понеделник наутро по македонско време) на американската телевизија „FOX“, а истражува теми како пријателство, натпреварување и значење на ферплејот.
Comments are closed for this post.