Од Вирџин Галактик соопштија дека нивното вселенско летало наменето за туристи денеска достигнало висина од преку 80 километри над Земјата, што компанијата го смета за граница на вселената.
Бета пренесува дека вселенскиот брод „СпејсШипТу“, рано утрото по локално време, полетал со помош на авион носач од калифорниската пустина Мохаве, по што биле вклучени ракетните мотори.
Lovely shot of takeoff! WhiteKnightTwo and SpaceShipTwo take to the skies pic.twitter.com/JFcSDVB9jR
— Virgin Galactic (@virgingalactic) December 13, 2018
Претставникот на мисијата Енрико Палермо рече дека леталото достигнало висина од 82 километри пред да почне да се спушта а потоа и да слета назад на Земјата.
Висината која е достигната е доволна за членовите на екипажот да ја почувствуваат безтежинската состојба и да ја видат заобленоста на нашата планета.
Вирџин Галактик, компанијата на британскиот милијардер Ричард Брансон, планира да ги води на кратки летови луѓето кои ќе платат карта.
Досега, преку 600 луѓе имаат уплатено предвреме карти за вселенски летови, а меѓу нив има и многу ѕвезди.
Летот кој ќе трае час и половина ќе чини 250.000 долари.
Comments are closed for this post.