Koнтроверзниот Виктор Стојанов, Бугар од Македонија кој има забрана за влез во нашата земја вели дека Цеца има бугарски корени и затоа на концертот во Велес се нагрнала со бугарското знаме. За него, бугарското знаме е симбол на културата, духовноста и слободата.

– . Светлана Ражнатовиќ, родена Величковиќ, од селото Житораѓа, село кое било дел од бугарската егзархија во рамките на Нишката епархија и егзархија до ослободувањето во 1877 година. Ова значи дека нејзиниот роден град, како и самиот Велес, бил дел од духовниот и културниот простор на бугарската нација. Во овој контекст, нема ништо скандалозно во тоа што личност со такви корени го крева бугарското знаме. Напротив, тоа е чин на признавање на сопствената историја. Фондацијата „Македонија“ отсекогаш го бранела правото на луѓето да бидат горди на своите вистински корени и историска вистина. Бугарското знаме е симбол на културата, духовноста и слободата. Тоа не разделува, туку обединува. Да не ја претвораме гордоста во омраза. Вистината не може да биде скандал. Ил инденското востание во 1903 година беше кренато со бугарското национално знаме – вели Стојанов.







Comments are closed for this post.