Цеца Ражнатовиќ за „Телеграф.рс“ објасни како дошло до скандалот со бугарското знаме во Велес. Таа вели дека некој од публиката и го фрлил бугарското знаме и оти не знаела дека тоа ќе предизвика толку негативни реакции.
Мене фан ми ја дофрли и секаде каде што пеам во дијаспората тоа го прават.Ми фрлаат различни знамиња. За мене е голема чест кога некој ќе ми го фрли своето знаме. Се нагрнав со тоа знаме и однеднаш слушам свирежи. Не знам за што се работи, мислев сум го свртила наопаку.Гледам дека знамето не е македонско, не сум полудела до толку, но тоа никогаш не се случувало.Јас потполно збунета, ми приоѓа Мики Селуловски и ми вика „знамето,знамето“.Јас го прашувам „што е со знамето“. Тој ми вели-тргни го брзо, бугарско е. Јас повторно-и што?Го тргнав знамето но и натаму не знаев што се случува.Не знаев дека толку не се сакаат..Жал ми е ако повредив нечии чуства. објасни Цеца.







Comments are closed for this post.