По по­вод праз­ни­кот Све­ти Три­фун денеска се одр­жа тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за.

Оваа го­ди­на, за раз­ли­ка од прет­ход­ни­те, по­ра­ди мер­ки­те за за­шти­та од ко­вид-19 и здрав­стве­но-без­бед­нос­ни­те про­то­ко­ли на тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње на лоз­је­то изо­ста­ну­ва­ше ма­сов­но­то при­сус­тво на гра­ѓа­ни, кои со иск­лу­чи­тел­но ква­ли­тет­но ви­но, бо­га­та тр­пе­за и уба­ва му­зи­ка се тра­ди­ци­ја и бе­лег на за­кро­ју­ва­ње­то.

 И покрај снежните наноси кои паднаа во нашата земја и оваа година ја одржуваме традицијата на закројување и осветување на лозјата. Ова е 12 -та година по ред откако е оформена винарница „Стоби“. Се надеваме на бериќетна година благодарение на снежните наноси кои ќе обезбедат доволно влага во почвата – кажа Никола Деребанов, генерален директор на холдинг компанијата „Перминдекс“, за винарница „Стоби“, млекара Галичник, Црвени Брегови и Вардар.

Онлајн програмата со музика и комедија овозможи виртуелна забава за љубителите на виното со Дац и Александар, Тамара Тодевска и Атанас Атанасовски.