Вистинска драма се случувала во Австралија за група параглајдеристи кога торнадо кое дошло од никаде крена еден паргалајдерист и со него си поигра како со играчка. Сето тоа е снимено, па имаме можност да го видиме ова неверојатно, драматично, но, сепак, со среќен крај видео.
Настанот се случил на планината кај градот Манила, во Нов Јужен Велс, кога групата се подготвувала да полета. Во тој момент торнадото дошло до нив и како на филм во дел од секунда го кренала 39-годишниот спортист. Тој после извесно време успеал да воспостави контрола на падобранот, а силниот ветер му овозможил да лета цели 180 километри.
Локалните медиуми наведуваат дека не е прв пат да има инцидент на планината Бора. Тие потсетуваат дека пред четири години загинал еден Германец.
Comments are closed for this post.