Планирано е повлекување на околу 1.03 милиони возила од марката Приус, Приус ПХВ и Ц-ХР, произведени во периодот од јуни 2015. до мај 2018. година, соопштуваат од компанијата, а пренесува агенцијата Ројтерс.
Од вкупната бројка, 554.000 автомобили ќе бдат повлечени од Јапонија, 217.000 во Северна Америка, а 219.000 во Европа.
„Постои можност од краток спој на електричните жици и постигнување висока температура при нивното трошење поврзано со вибрациите додека се вози“, објаснуваат од Тојота во документ доставен до јапонското министерство за сообраќај. „Тоа во најлош случај може да предизвика пожар во возилото“, се додава во документот.
Тојота од 1997. година продала повеќе од 10 милиони хибридни возила, вклучувајќи ја и марката Приус. Компанијата во 2016. година најави повлекување на вкупно 3,37 милиони возила ширум светот заради проблеми со сигурносни перничиња.
Comments are closed for this post.