Актерот Тино Костадиновски, на социјалните мрежи реагира за состојбата во Театар Комедија, за која укажувале и реагирале неколку, но никој никој од надлежните не ги слушнал или се прават дека не слушаат за проблемите во оваа институција.
Реакцијата ја пренесуваме во целост.
Неколку години укажуваме на проблемов ама никој не слуша, или се прават дека не слушаат.
Ако те мрзи да читаш, само види фотос.
Ова се зборови на колешката Tanja Mick-off позади кои целосно стојам:
Кон Министерство за култура / Ministria e Kulturës. за Театар Комедија
Да влезеш во театар којшто е качен на пиедестал,
возхвалуван,аплаудирам, горд,
да влезеш како тројански коњ,
и да го оставиш разрушен и обезличен и клекнат на колена…
Претпоставувам дека целта е постигната, за пак да се роди…
Да се смачка, зграбчи и задуши едно
упориште на радост, среќна зараза, сплотеност, едно упориште на бегство од тажната реалност на публиката, и на нас самите – неговите деца?
Зошто само деструкција? – најверојатно е реторичко прашање..
Многу време беше потребно да ги отворите очите и отпушите ушите за да ги чуете криците на “пациентот” на којшто наместо лекарства му дававте отров..
Апелите упатени кон Министерство за култура / Ministria e Kulturës
сиве овие години, “петициите” потпишувани од вработените,
барањата за внатрешна финансиска контрола резултираа сега,
кога “пациентот” е во кома..
Лично јас бев казнета за тоа.
3 години лишена од живот на сцена, систематски и тактички деградирана..
И знам дека не сум сама и дека има уште други “жртви” на другите сцени.
Среќата или несреќата е што истите НИЕ,неговите деца,
сега ќе се потрудиме да го реанимираме, да го воздигннеме од пепел, потцртувам- ако ни биде дозволено.
Ова е апел кон #МинистерствоЗаКултура да започне да ги заштитува своите институции од вакви “ елементарни непогоди”,
да следи будно што се случува, да започне да го слуша гласот и крикот на уметникот чијашто идеологија е да се запази достоинството на храмот во којшто се моли, зошто “Храмот” е вечен, а ние не сме..
За поздрав е реакцијата на Министерството, иако доста задоцнета..
Искрено се надевам дека Храмот ќе си остане Храм, (на истата локација), И дека сите соучесници , целата консталација вмешана во ова ќе одговараат соодветно за стореното, разрешувањето е почеток, заплет имавме, кулминацијата ќе ја градиме, а очекуваме транспарентна разрешница и крај.
Театар Комедија “ТИ” и “ЈА” – што би рекол еден драг колега.
Да живее Театарот!
п.с. Сакаме одговорност !!!
Неколку години укажуваме на проблемов ама никој не слуша, или се прават дека не слушаат.
Ако те мрзи да читаш, само…Posted by Tino Kostadinovski on Thursday, February 4, 2021
Comments are closed for this post.