Тиквешијата ќе биде застапена во Балканскиот вински водич што ќе биде готов следната година и во кој, покрај нашата, ќе бидат претставени уште девет држави од Балканот.
Според директорката на Фондацијата „Тиквешки вински пат”, Виолета Јанкова, во водичот ќе бидат презентирани сите членки на Фондацијата: винарии, угостителски и туристички субјекти, културни институции и културно-историски споменици.
– Балканскиот вински водич е проект на европскиот културен коридор Итер Витис, во кој членуваат 20 држави, вклучително и земјава, а ги промовираат винските патишта во Европа, вели Јанкова за МИА.
Таа деновиве трет пат беше избрана во Бордот на директори на Итер Витис. – Во Бордот има и претставници од Италија, Франција, Шпанија, Португалија и Тунис, вински докажани земји. Тоа практично значи видливост на нашата држава како винска земја во европски рамки и пошироко, нагласува Јанкова.
Comments are closed for this post.