Американската  пејачка  Тејлор Свифт е најскапиот уметник во светот, според списанието „Форбс“. Во текот на изминатата година, таа заработи 185 милиони долари.

Втора  на рангот, но со далеку поскромни резултати, е Бијонсе, која заработи 81 милиони долари.  На третото место е  Ријана со годишни приходи од 62 милиони американски долари.

Тејлор Свифт исто така ја освои наградата MTV VMA 2019 за најдобар музички спот. Нејзиниот спот за песната You need to Calm Down доби најмногу гласови.