Долгогодишниот шеф на Фолксваген, Фердинанд Пих  почина на 82-годишна возраст во болница .Претходно во својот тестамент  Пих, остави сè на својата сопруга,  по неговата смрт. Неговите средства изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра. 

Десет години, Фердинанд Пих ги чуваше своите пари во две австриски приватни фондации што ги водеше неговата сопруга. Тој има 12 деца и два пати поголем број на  внуци.

На нив и на неговата 63-годишна сопруга Урсула, Пих остави повеќе од 1 милијарда евра богатство. Според тестаментот, вдовицата на долгогодишниот шеф на Фолксваген ги наследува сите свои средства и правото да управува со него.

Меѓутоа ако се омажи, таа ги губи сите пари.