Русинката Татјана Тузова (32) претворена е во „жива барбика“. На нејзините омилени кукли потрошила дури 120 илјади долари. Иако се мажела пет пати, вели дека многу е осамена.
Во колекцијата на Татјана има 1520 оригинални Барби кукли, меѓу кои има и колекционерски и многу ретки кукли, кои се екстремно скапи и не само тоа, се облекува исклучиво во розево, а презимето сака да го смени во Барби.
Според неа, од детството таа била фасцинирана од убавината на Барби куклите, па затоа секогаш сонувала да стане како една од нив кога ќе порасне. Во детството родителите ѝ велеле дека многу личи на барбика и таа почнала да ја негува таквата слика.
Comments are closed for this post.