Годишниот танц на кадетите се одржа во Москва на кој зедоа учество ученици на воените школи од Русија. Настанот се одржа во Гостини двор, стариот суд во градот, во близина на Кремљ, а танцот се претвори во бело-сино море.
Годинава, танцот се одржа во чест на 75-годишнината од основањето на воената школа Суворов и 76-годишнината на школата Накимов.
Тие што учествуваа во танцот имаа можност да ја почувствуваат традицијата на Царска Русија, што се оценува како гест на патриотизам.
Повеќе од 1.800 тинејџери, од сираци до членови на семејства на познати војнички имиња од цела Русија, како и делегации од Комонвелтот на Независни држави, Кина, Јужна Кореа, Грција и од Австрија учествуваа на годинешната манифестација, која наликуваше на остварување на сонот од приказните, особено за девојките.
Comments are closed for this post.