Шок предизвика видеото кое се заврте глобално на кое се прикажува свадбата меѓу осумгодишната невеста и десетгодишниот младоженец. Свадбарското видео е направено во романскиот град Кракова.
На видеото се гледаат последните подготовки на осумгодишнатата невеста која ја облекуваат во розов невестински фустан. За тоа време десетгодишниот зет игра на музиката на познатиот пејач Алекс де ла Каракал.
Еден од гостите за британски „Дејли маил“ изјавил дека кај Ромите такви свадби се нормални и всушност сега невестата и зетот си се ветуваат еден на друг, а вистинската свадба ќе се случи кога тие ќе станат полнолетни.
Како и да е, самопрогласениот лидер на Ромите, Дорик Кобе, пред четири години истакна дека такви бракови се нелегални и оти сите што ќе ги оженат своите малолетни деца ќе бидат пријавени во полиција.
Comments are closed for this post.