Серијата „Црна свадба“ која говори за влашките обичаи бележи голема гледност и во Македонија. Патувањата во источна Србија каде се одвива дејството се зголемени и многумина сакаат одблиску да видат како се живеело во дамнешни времиња и кои биле адетите при свадба или смрт

Еве неколку

Стрнџање

Стрнџање е адет кога жители од едно село се собирале во една пештера за да се допираат и бакнуваат. Задолжително сите морале да носат маски.

Снохачење

Означува сексуален однос помеѓу снаата и свекорот.Се случувал кога младоженецот бил малолетен и тогаш свекорот ги извршувал брачните должности место синот.

Откопување мртви

Мртвите се откопувале 40 дена по погребот.Се вадел ковчегот на покојникот и се бришело неговото лице.Потоа го вртеле кон сонцето да го огрее.

Црна свадба

Кога ќе починел млад се облекувал во костум како за младоженец. Истиот обичај бил и за девојка која била преоблечена во невестински фустан.

Паѓање во транс

Ова го правеле жени наречени „русалки“ кои играле и паѓале во транс и на тој начин комуницирале и се „конектирале“ во мртвите.