По денешната средба со актерите од Струмичкиот театар, министеркста за култура на својот фејсбук профил напиша:

Им благодарам на актерите од Струмичкиот театар за денешната средба на која многу искрено и отворено разговаравме за сите проблеми во самиот театар и во Центарот за култура во Струмица.

Откако ги сослушав, се договоривме да си дадеме време до понеделник за да го најдеме најдоброто решение во интерес на ансамблот и на Центарот за култура.

И за уште нешто многу им благодарам, за фактот дека со нивната гласност ми помагаат и мене и на сите културни работници во земјава – Законот кој што е во процедура, новиот Закон за култура, што побрзо да биде донесен бидејќи во тој закон клучните новитети, еден од условите за станување на раководител на институција, се високите стручни квалификации во областа.

Според постојниот закон, комисијата формално правно ја испочитувала процедурата и затоа господинот Бубев беше назначен за директор. Јас сум легалист, но не значи само формален легалист.

Им благодарам на актерите од Струмичкиот театар за денешната средба на која многу искрено и отворено разговаравме за…

Posted by Irena Stefoska on Wednesday, February 3, 2021