Статуите од катедралата Нотрдам за првпат по сто години се спуштени на земја во рамки на проектот за реставрација, соопшти АП.
Љубопитни граѓани можеле да ги разгледаат статуите на 12 апостоли и четворицата евангелисти додека со кран биле симнувани и товарени на камион. Тие стојат на височина од 96 метри.
Триметарските статуи ќе бидат пренесени во јужна Франција. Буџетот за реновирање на катедралата изнесува шест милиони евра.
Comments are closed for this post.