Српските медиуми направија споредба со цените на недвижностите во Белград и во грчките туристички центри. Па така цената на квадрат во Белград во просек изнесува 1.680 евра.

Во познатото летувалиште Паралија кое е омилено на српските и македонските туристи  стан од 45 квадрати  на 500 метри од плажа може да се најде за 45.000 евра.

Слична е цената и на становите во Солун но за поодалечените населби на периферијата од градот.