Носењето важни одлуки со празен стомак може да значи лош избор, посочува ново истражување на научници од шкотскиот Универзитет на Данди.
Истражувањата покажуваат дека гладот значително го менува начинот на кој луѓето носат одлука, предизвикува расеаност и голема е веројатноста човекот да избере не многу поволно решение за одредена ситуација.
Во испитувањето учествувале 50 лица и сите биле тестирани двапати – еднаш „на гладно“ и еднаш кога веќе биле сити. Заклучоците говорат дека гладот ги менува приоритетите во области на интерес, кои воопшто и не се поврзани со храната, како на пример, деловните или лични односи.
Од друга страна, пак, познато е дека не треба да се пазаруваат прехранбени производи на празен стомак, зашто тогаш поголема е веројатноста да купите нешто нездраво за јадење.
Comments are closed for this post.