Турската кујна, една од највусните во светот. Ги буди сите сетила и на оние што ја конзумираат и на тие што ја подготвуваат. Толку слична на нашата, македонската, па можеби затоа нема јадење што не го спремале по дома и нашите баби и мајки.
Сарми, ќофтиња, тиквички, мусака,ориз, полнети пиперки,таратур, алва, баклаква…што ти душа сака.
Сево ова го имаше во турската резиденција во Скопје каде сопругата на турскиот амбасадор, Г-ѓа Нур Улсој по повод Недела на турската кујна приредија ручек со концепт- Вкусови на Егејскиот дел на турската кујна.
Еден од специјалитетите на турската кујна е сарма од лозов лист. По тој повод беше организиран натпревар на подготовка на сарми од лозов лист во маслиново масло во кој гостите виткаа сарми, а жири од готвачи од најпознатите скопски хотели го оценуваа приготвеното.
Најдобра во виткањето сарми беше сопругата на амбасадорот на Кина, Г-га Зуан Шунг Јунг.
Во умешноста во виткатањето сарми се покажаа сопругата на амбададорот на Словенија, Г-ѓа Елвира Златиќ, сопругата на словачкиот амбасадор, Г-ѓа Жанета Маркушова сопруга на словачкиот амбасадор, како и Јоланта Гжелчик, сопруга на полскиот амбасадор.
Најбрза натпреварувачка во виткање сарми беше пратеничката Жаклина Пешевска која дојде во друштво со Гордана Димитриеска-Кочоска и со сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска.
Comments are closed for this post.