Со кабаре-претствата „Меѓуигра 0-24“ босанскиот актер Зијах Соколовиќ, вечерва започнува Меѓународен тетарски фестивал “Денови на комедија – Куманово 2020“. Фестивалот ќе трае до 10 октомври.
Во среда ќе биде прикажана претствата „Фанови“ во продукција на “УГД“ Штип.
Оваа година ќе гостуваат и Театар „Антон Панов“ од Струмица, со претствата „Секс, лаги и љубомора“, Театарско друштво „Маскарад“ Софија со претствата „Не се клади на Англичани“ во режија на Владлен Александров, Театар комедија Скопје, со „Човек, ѕвер и доблест“, Театар „Славија“ – Белград, Србија со „Женски разговори“ и домаќините Театар Куманово со претствата „Солдат“.
Comments are closed for this post.