Деновиве  пеколни температури во Македонија. Од денска сме во портокалова фаза. Внимавајте  и почитувајте ги препораките за заштита, не само за неизложување на директно сончево зрачење, туку и за внимателно консумирање храна, правилно однесување при движење на отворено и во природа, како и правилен третман на домашните, фармски животни.

Притоа важно е да се укаже дека топлотниот удар има симптоми како сончаница, но може да ве убие.

Се препорачува да не се излегува до 17 часот, да се носи лесна и светла облека, да се пие многу вода и течности, да се пие терапијата кај хронично болните лица.

Најважно е да знаеме како да се заштитиме од топлотен удар и кои се неговите симптоми. Симптомите се дехидрираност, сува уста, умор, омалаксаност, општа слабост на телото и мускулите и несвестица.

Потребно е при ваква состојба да се легне лицето, да пие течности, да се стави инфузија, да е под постојан лекарски надзор.

Симптоми и знаци на топлотно исцрпување

  • Телесна температура во интервал 37-40⁰C;
  • Потење;
  • Збунетост и дезориентираност;
  • Раздразливост;
  • Намалена концентрација;
  • Намалување на крвниот притисок;
  • Главоболка;
  • Гадење;
  • Повраќање;
  • Вртоглавица;
  • Мускулни грчеви;
  • Забрзано чукање на срцето;
  • Вцрвенување на кожата.

Симптоми и знаци при топлотен удар

  • Телесна температура над 40⁰С;
  • Отсуство на пот;
  • Сува и топла кожа;
  • Главоболка;
  • Мускулни грчеви;
  • Вртоглавица;
  • Глад за воздух;
  • Стегање во градите;
  • Забрзан пулс;
  • Забрзано душење;
  • Збунетост и дезориентираност;
  • Делириум;
  • Губење на свест;
  • Кома