Деновиве пеколни температури во Македонија. Од денска сме во портокалова фаза. Внимавајте и почитувајте ги препораките за заштита, не само за неизложување на директно сончево зрачење, туку и за внимателно консумирање храна, правилно однесување при движење на отворено и во природа, како и правилен третман на домашните, фармски животни.
Притоа важно е да се укаже дека топлотниот удар има симптоми како сончаница, но може да ве убие.
Се препорачува да не се излегува до 17 часот, да се носи лесна и светла облека, да се пие многу вода и течности, да се пие терапијата кај хронично болните лица.
Најважно е да знаеме како да се заштитиме од топлотен удар и кои се неговите симптоми. Симптомите се дехидрираност, сува уста, умор, омалаксаност, општа слабост на телото и мускулите и несвестица.
Потребно е при ваква состојба да се легне лицето, да пие течности, да се стави инфузија, да е под постојан лекарски надзор.
Симптоми и знаци на топлотно исцрпување
- Телесна температура во интервал 37-40⁰C;
- Потење;
- Збунетост и дезориентираност;
- Раздразливост;
- Намалена концентрација;
- Намалување на крвниот притисок;
- Главоболка;
- Гадење;
- Повраќање;
- Вртоглавица;
- Мускулни грчеви;
- Забрзано чукање на срцето;
- Вцрвенување на кожата.
Симптоми и знаци при топлотен удар
- Телесна температура над 40⁰С;
- Отсуство на пот;
- Сува и топла кожа;
- Главоболка;
- Мускулни грчеви;
- Вртоглавица;
- Глад за воздух;
- Стегање во градите;
- Забрзан пулс;
- Забрзано душење;
- Збунетост и дезориентираност;
- Делириум;
- Губење на свест;
- Кома
Comments are closed for this post.