Од моментот кога пристигна во Бијело Дугме, па се до денеска остана омилен меѓу жените кои и денеска не можат да ги смират страстите кон харизматичниот музичар. Кога на Горан Бреговиќ му досадиле бројните „излети“ се смирил во 1993 година со манекенката Џенана Суџук.

Додека Бреговиќ градеше кариера и слава станувајќи една од најголемите ѕвезди на овие простори, неговата скромна сопруга била посветена на ќерките Еми, Лулу и Уна. Не ја интересирало медиумското внимание кое можела да го добие благодарејќи на нераскинливата врска со светски познатиот рокер.

Фотографиите кои ќе се појават од време на време, откриваат елегантна, витка и висока „плавуша“.