Неверојатна забава со одлична музика, голема сцена со визуелни и светлечки ефекти, а тука беше и дождот, кој само даде дополнителна димензија на впечатокот дека тие што беа на „Скопје колинг“ присуствуваа на фестивалско музичко доживување од светски калибар.
Музилката авантура почна со доаѓањето на ноќта, кога славниот словенечки бенд „Лајбах“ ја презеде бината со препознатливиот силен и строг звук, проследен со илуминации и лајт-шоу на сцената. Во целата нивна атмосфера, совршњно се вклопи, на моменти, интензивниот дожд, кој придонесе да се зацврсти мистичноста на доживувањето „Лајбах“.
Забавата продолжи со една од најоригиналите и најсвои уметници на балканската музичка сцена – Констракта. Српската претставничка на Евровизија во 2022 година, со весел ритам, на моменти со примеси на реге, но и со својот специфичен сценски настап и единствени текстови, на вистински начин ја разигра публиката. Констракта, во ниту еден момент не го криеше своето добро располежение, а тоа го потврди и со неколкуте подароци што сосема спонтано ги подели на неколкумина во публиката. Со тоа докажа дека џелосно владее со уметноста на одличната комуникација и однос со публиката.
По Констракта, сцената ја презедоа нејзините сонародници, дуото „Буч Кесиди“ од Панчево. Лука на гитара и Зоран на бубњеви, од самиот старт покажаа дека се дојдени во Скопје да имаат енергичен рокенрол настап и во ниту еден момент не го криеја своето задоволство и возбуда што свират на „Скопје колинг“. Емоцијата и енергјата со која тие двајца настапија се покажа и со тоа што на Лука, дури во три наврати му пукна жица на гитарата, што, како што обелодени неговито колега, им е рекорд.
Со веќе поминат полноќ, журката продолжи со хрватското електро-поп дуе „Нипл пипл“. Обчечени во свите препознатливи костими, со звуци во кои провејуваше и електро-диско, како и со мистериозното танцување на женската половина од ова загрепско дуо, расположението на публиката се движеше кон екстаза.
Врвот на вечерта, особено за помладата публика, дојде на крајот, односно со последната музичка ѕвезда што излезе на сцената. А, за Нина Кравиц и не може да се каже ништо друго освен дека е вистинска светска ѕвезда, која со право заслужува да биде наречена кралица на електронската музиката. Русинката се претстави со моќен сет кој ги предизвикуваше и мамеше присутните на стадионот на АРМ да танцуваат во тој ритам до раните утрински часови.
Comments are closed for this post.