Легендарниот холивудски актер , Арнолд Шварценегер се појави во улогата на продавач на автомобили. Тој ги изненади купувачите , кои ги убедуваше дека мора да купат џип Хамер или друг бензинец. И токму Шварценегер наиде на купувачи , кои сакаа штедлив автомобил , а по можност и електричен. Што им одговори , видете во смешното видео.

Станува збор за промотивно видео за хуманитарната организација Везос,  а целта на Шварценегер , кој сака силни бензински мотори во приватниот живот , да промовира хибридни и електрични технологии за почиста средина.