Нема вистинско задоволство да возите автомобил без добра музика. За тоа се свесни и производителите кои вградуваат и врвни аудио системи.
Секој од нас има омилени песни, но според некои истражувања некои песни не се препорачуваат од безбедносни причини.
Истражувањата покажале дека одредени песни „го тераат“ возачот на опасно возење. Поточно оние со 120 бити по минута се песни кои имаат негативно влијание, предизвикуваат брзо возење и сообраќајни прекршоци
Ако сметате дека сте деконцентрирани од песната на радиото или на вашата листа, можеби е време да ја промените”, вели Тим Шварц, маркетинг директор на Moneybare, британска компанија за кредити и автомобили.
Moneybarn анализирал 96 од најпопуларните песни на дигиталната музичка услуга Spotify и ги рангира петте најопасни и најбезбедни песни за возење.
Пет најопасни песни за возење:
1. American Idiot – Green Day
2. Party in the U.S.A – Miley Cyrus
3. Mr. Brightside – The Killers
4. Don’t Let Me Down – The Chainsmokers
5. Born to Run – Bruce Springsteen
Пет најбезбедни песни за возење:
1. Stairway to Heaven – Led Zeppelin
2. Under the Bridge – Red Hot Chili Peppers
3. God’s Plan – Drake
4. Africa – Toto
5. Location – Khalid
Comments are closed for this post.