Бројни корисници ширум светот денес не може да се приклучат на своите профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Со проблеми се соочија и Македонците. Освен што не можеат да ги отворат своите профили, кај голем број не функционираше и месинџерот.

Како што наведува „Индипендент“, страните на овие социјални мрежи не беа достапни, а дел од корисниците на Фејсбук добиле известување дека сервисот не работи. Причината е пад на мрежата.

Корисниците на Instagram исто така забележаа проблеми со социјалната мрежа, но засега не знаеме дали двете состојби на Facebook и Instagram се поврзани.

Слични ситуации имало и претходно, а истите покажале дека големиот колапс на Фејсбук и Инстаграм е предизвикан од работа на системот пред пуштање на некоја голема промена на овие социјални мрежи.

Според информациите од светските медиуми, проблемите со Facebook започнале уште синоќа, а во текот на целиот ден социјалната мрежа имала проблем со стабилноста.