Годинава, иако без поддршка од Министерството за култура, а со финансиска инекција од Град Скопје, скромно и достоинствено ја продолжуваме мисијата на интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски”, а тоа е промоција и афирмација на независното театарско творештво. Среќни сме што годинава програмата нуди нови кратки форми на театарско изразување, а со тоа ќе промовираме и нови сценски простори во градот Скопје. Покрај познатите локации МОБ, кино Култура, пријатели на фестивалот од годинава се и галеријата „Колектив“ и театарот “Сенки и облаци”“, вели “директорот на фестивалот Миодраг Костиќ.
Претставите ќе ги оценува жири комисија во состав Бојан Трифуновски-режисер, Ивана Настеска-новинар/критичар и актерот Мики Анчевски, кои ќе одлучуваат за трите фестивалски награди – Гранд при за најдобра претстава, награда за најдобра режија и награда за најдобро актерско остварување.
Фестивалот е во организација на независниот „ТЕАТАР 007“ и Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје. Визулениот идентитет на фестивалот е авторско дело на Марјан Ѕингаров Ѕин.
Comments are closed for this post.