Културен центар 750 реализираше шест онлајн активности предвидени за 2020 година.
Поради пандемијата на вирусот Kовид-19, оваа сезона арт-фиќото не организираше настани на јавен простор, туку ширеше уметност на алтернативен начин, со онлајн претставување на изложбите, инсталациите и литературните читања.
Своите дела во КЦ 750 ги изложија Тамара Забазноска, Филип Велковски, Будимка Поповска, Васко Марковски, уметничка инсталација подготви Ѓорѓе Јовановиќ, а беше претставена и поезијата на Ива Дамјановски.
За да не остане сè само во виртуелниот простор, беа подготвени принтови со материјали од изложбите и читањата и дистрибуирани во поштенски сандачиња по случаен избор во повеќе скопски населби.
Во продолжение можете да ги погледнете видеата од настаните:
- Поетско читање на Ива Дамјановски
- „Комши камераџик“ – изложба на скопски фотографии од Васко Марковски
- „The Lumens“ – изложба на лумен принтови од Филип Велковски
- „New No Black Halva World Order“ – инсталација на Ѓорѓе Јовановиќ
- „ФАНТОМИМА.ZIP“ – изложба на Будимка Поповска
- „Skopje Secret Stories“ – изложба на Тамара Забазноска
КЦ 750 е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш. Целта на проектот е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени. Проектот е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија и Град Скопје.
Comments are closed for this post.