Долгогодишниот шеф на Фолксваген, Фердинанд Пих почина на 82-годишна возраст во болница .Претходно во својот тестамент Пих, остави сè на својата сопруга, по неговата смрт. Неговите средства изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра.
Десет години, Фердинанд Пих ги чуваше своите пари во две австриски приватни фондации што ги водеше неговата сопруга. Тој има 12 деца и два пати поголем број на внуци.
На нив и на неговата 63-годишна сопруга Урсула, Пих остави повеќе од 1 милијарда евра богатство. Според тестаментот, вдовицата на долгогодишниот шеф на Фолксваген ги наследува сите свои средства и правото да управува со него.
Меѓутоа ако се омажи, таа ги губи сите пари.
Comments are closed for this post.