Сигурно отсекогаш сте посакувале да имате скап автомобил? Како и Мајкл Мехија, кој доби тјуниран Lamborghini Urus на подарок од пејачката Шакира. Тој ден, младиот Американец се чувствувал како најсреќниот човек на светот… но работите за него се промениле по само неколку месеци.

Суперавтомобилот и припаѓаше на пејачката Шакира, која го користеше во спотот за песната „Солетра“. Таа го купи автомобилот на денот кога го официјализираше разводот од поранешниот фудбалер Жерар Пике. Таа се одлучи за комбинација со виолетова боја на каросеријата и ентериер во нијанси на бела и фисташка боја. Откако го употреби  во видеото, таа одбра да го подари скапото Ламборџини на еден од нејзините обожаватели, во знак на благодарност за помошта што ја доби кога минуваше низ тежок период во животот. И, така Мајкл Меџиа стана среќникот,


Но, неговата радост бил краткотрајна кога сфатил што навистина значи да се поседува ваква лимузина.

Тој добил 90.000 долари во кеш од Шакира за да ги покрие сите првични трошоци. Кога ја повлече линијата откако плати сè, трошоците изнесуваа 95 илјади долари! Мајкл призна дека нема поим дека месечното осигурување за Urus чини 2.000 долари. Беше изненаден и од потрошувачката:

„Резервоарот го потрошив за помалку од четири дена. „Наполнив бензин во пумпата за 70 долари“, рече Меџиа.