Смртта на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ не е обична сообраќјна несреќа туку убиство. Ова го тврди неговиот вонбречен син Роберт кој објаснува дека Шабан е убиен од естрадната мафија во дијаспората.

Тој за „Република.рс тврди дека некој близок на пејачот го организирал и сетоа тоа е мафијашко масло.

Мојот татко на никого не се замери но на многумина им пречеше парите што ги заработуваше и затоа сакаа да го тргнат. Ги дознав сите детали како настрадал кога се враќаше од настап. Некој многу сакаше веќе да го нема и затоа го наместија. Постои личност за која би можел да кажам дека тој стои зад сето ова но не смеам бидејќи немам докази-објаснува Роберт.