Пејачката Селин Дион предизвика огромно внимание откако на една манифестација во Париз се појави со 16 години помладиот дечко Пепе Муњоз, и веднаш во очите на сите им падна колку е таа слаба.
Фановите на поп дивата веднаш се загрижија, со оглед на тоа дека таа е премногу ослабена, а гардеробата која ја носеше ноќта уште повеќе го истакнуваше тоа. Според сознанијата, Селин во моментов има околу педесет килограми.
„Те молам, води сметка, немој да бидеш анорексична. На граница си на анорексија“, се некои од коментарите на загрижените фанови на пејачката.
Потсетуваме, Селин Дион беше на ивица на нервен слом по трагедијата која и се случи пред две години, а кога во рок од неколку денови починаа сопругот, менаџерот а потоа и нејзиниот брат.
Comments are closed for this post.