Овогодинешното, 91. доделување на најпрестижната филмска награда во светот Оскар, кој ја доделува Американската академија за филм ќе се одржи ноќта во недела кон понеделник 24 февруари во Долби Театарот во Холивуд.
Она што е занимвливо е дека овогодинешните Оскари, за прв пат во историјата, ќе бидат одржани без водител. Имено, гледачите пред екраните и публиката во Долби Театарот низ доделувањето требаше да ги води Кевин Харт, но се повлече по хомофобичната изјава од пред неколку години на сметка на ЛГБТ заедницата.
Но тука се уште и низa номинации кои не се вообичаени.
Така, за прв пат во историјата на една пејачка, поточно Лејди Гага, и тргна од рака да стане првата личност во иста година која е номинирана во категоријата „најдобра главна глумица“ и „најдобра песна“ во фимот на режисерот Бредли Купер „Ѕвездата е родена“. Лејди Гага е фаворит за освојувањето на оваа награда, благодарејќи на песната „Шалоу“ која патем освои и Греми, Златен глобус и БАФТА награда.
Филмот „Блек Пантер“ на Марвел е првиот филм за суперјунак номиниран во категорија „најдобар филм“. Филмот е и со најголема заработка во 2018 година, која изнесува дури 1,3 милијарди долари.
Славниот американски режисер Спајк Ли оваа година за прв пат ќе биде номиниран во категорија „најдобар режисер“ благодарение на филмот „Црниот член на ККК“. Досега бил номиниран само за „најдобро оригинално сценарио“, како и „најдобар документарен филм“ за што во 2015 доби Оскар.
Историја годинава ќе испше и филмот „Рома“ како прв филм од „Нетфликс“ во категорија „најдобар филм“, како и за „најдобар режисер“, „најдобро сценарио“, „најдобар странски филм“.
Во категорија за најдобра глумица номинирана е Глен Клос која во моментов е единствената жива глумица со најмногу номинации која никогаш не освоила златна статуета. Оваа година е номинирана за улогата во филмот „Жената“.
Кои сè е номиниран за доделувањето на наградите Оскар 2019 може да погледнете тука.
Comments are closed for this post.