Членот на градското собрание на Белград, Бранко Милиќевиќ, попознат како Бранко Коцкица, денеска се обиде да внесе нож во собраниската сала, каде што се одржуваше седницата на Градското собрание.Тој беше јунак на децата од осумдесетите кои израснаа со неговата емисија.
Ножот е пронајден откако Миличевиќ при влегувањето во зградата ги активирал детекторите за метал, пишуваат српските медиуми.
Миличевиќ со себе имал швајцарски армиски нож и рекол дека при влегувањето во зградата заборавил да го остави кај обезбедувањето.
Ножот веднаш му бил одземен, а обезбедувањето му го вратило дури на крајот на седницата
Comments are closed for this post.