Самсунг официјално го претстави својот нов премиум телефон  на преклоп, модел под ознака W2019.

Јужно корејскиот произведувач е убеден дека нивниот модел ќе претставува основа за идните паметни телефони. На прес конференцијата која беше одржана во Сан Франциско, беше соопштено дека во наредните месеци може да се очекува масовно производство на новиот модел.

Уредот кој се уште нема име , има  екран  со дијагонала од 7, 3 инчи (кога е расклопен) штo  е димензија како помал таблет. Тоа е и целта на овој преклопен телефон кој на корисниците им нуди опција да користат мал и голем дисплеј .

Иако Самсунг е прва голема компанија која го претстави овој концепт, сепак не се први. Ги претекна малку познатиот старт уп (Royole) и тоа само пред една недела.

Самсунг за сега го пoкажа дисплејот на преклоп. Прототипот од телефонот е ставен во маска за да се скрие дизајнот , кој најверојатно се уште не е конечен