Првиот од речиси стотина китови што се чуваат во заробеништво на истокот од Русија ќе биде ослободен од т.н. „заднички затвор“, објавија руските научници.

Транспортот на шест белуга китови и на две орки започна, објави агенцијата „Интерфакс“ повикувајќи се на  Институт за истражување на риболовот и океанографија.

Пред нас има многу работа и нешто што никој досега не го направил”, велат од  Институтот.

Животните ќе бидат во придружба од 70 експерти за време на шестдневниот превоз. Китовите ќе бидат ослободени таму каде што биле заловени.

Засега не е јасно дали сите китови ќе бидат ослободени. Институтот објави дека животните ќе бидат подложени на ветеринарна инспекција пред транспортот.

Сите работи треба да се завршат до октомври. Активистите за заштита на животните минатата година ги потресоа светот поради китовите уловени во заливот Среднаја, недалеку од градот Находна, каде се чувале во кафези кои биле  премногу мали за нив.

Тие рекоа дека тоа е „затвор за китови“ и изразија загриженост дека животните ќе бидат продадени на кинеските  аквариуми.