Авионот кој што полетал од Сингапур, после прелетани 15,343 километри, безбедно слета на Меѓународниот аеродром Њуарк во САД, со што го постави рекордот како најдолг комерцијален директен лет на светот.

На летот “SQ22” имало 150 патници и 17 членови на екипажот, а патувањето траело дури 17 часа и 25 минути, наместо предвидените 19 часа. Инаку, ова не е прв пат сингапурската авиокомпанија „Сингапур Ерлајнс“ да ја воведува оваа рута.

Имено, авиокомпанијата во 2004-та година ја понудила истата рута, но морала да биде откажана затоа што авионите со кои што тогаш располагала “A340-500s” трошеле премногу гориво и летот бил премногу скап.

Покрај оваа релација меѓу најдолгите се сметаат од Перт до Лондон , за која се потребни 17 часа, како и од Окленд до Доха , на која на авионот му се потребни 17 и пол часови.